Екипите на Денвер Нагетс и Феникс Санс закажаа пресметка во втората рунда од плејофот во НБА лигата, успешно поминувајќи ги Портланд Треилблејзерс односно Лос Анџелес Лејкерс во првото елиминациско коло.
„Нагетси“ и „сонцата“ ривалите ги елиминираа со идентични 4-2 во сериите. Денвер до победата вредна пласман во следната рунда стигнаа на гостински терен, совладувајќи го Портланд со 126-115, додека „сонцата“ кај „лејкерси“ славеа со 113-100, со што го разрешија актуелниот шампион и бранител на титулата.
Дилема во првата рунда во плејофот има уште во дуелот помеѓу Далас Маверикс и Лос Анџелес Клиперс. „Телињата“ водат со 3-2 во серијата.
- Резултати:
Портланд – Денвер 115-126 (2-4)
ЛА Лејкерс – Феникс 100-113 (2-4)
OhridNews