Кошаркарите на Бостон му зададоа нов удар на шампионот Торонто победувајќи го и во вториот натпревар од полуфиналната серија во источната конференција. „Детелините“ славеа со тесни 102-99 и го дуплираа водството 2-0.

Ниту една од двете екипи не се одлепи во првите две четвртини. Првиот потег го повлече составот на Торонто кој третиот квартал го доби со плус десет за прва поголема предност. Бостон во решавачкиот четврти период брзо ја анулираше негативата и го презеде водството. Торонто во последните секунди имаше напад за егал, но не го искористи и доби нов удар под појасот од Бостон.

Екипата на Денвер на крилата од српскиот интернационалец Никола Јокиќ ја совлада Јута со 80-78 во мајсторката и обезбеди пласман во полуфиналето на западот. Јокиќ во одлучувачкиот седми натпревар постигна 30 поени, а додаде уште 14 скокови.  Денвер во полуфиналето на западот силите ќе ги одмери со Лос Анџелес Клиперс.

Резултати:

Торонто – Бостон 99-102 (0-2)

Денвер – Јута 80-78 (4-3)

OhridNews