Навивачите на Далас и Мајами им приредија фантастично збогум на Дирк Новицки и Двејн Вејд, кои, ја завршуваат својата кариера во НБА лигата. Со овации, скандирање на имињата и посебни видео прилози навивачите ги испратија во мирување кошаркарските легенди.

Новицки и Вејд, не останаа покусо и со величенствени партии им возвратија на навивачите. Германецот постигна 30 поени во триумфот на Далас против Феникс (120-109), додека Вејд со идентичен број на кошеви учествуваше во триумфот на „жешките“ над Филаделфија (122-99).

Новицки во НБА лигата пристигна во 1998 година и од тогаш до ден денес го носи дресот на Далас, а со тимот успеа во 2011 година да ја освои титулата во НБА лигата. Вејд има три шампионски прстени и целата кариера ја помина во Мајами.

OhridNews