Кошаркарите на Далас Маверикс забележаа нова победа во серијата со Лос Анџелес Клиперс (127-121), со што поведоа со 2-0 во првата елиминациска фаза од плејофот во НБА лигата.

Пресметката на „телињата“ и „клиперси“ ја одбелажа рафална стрелба на Каваи Ленард и Лука Дончиќ. Предводниците на екипите имаа незаборавна ноќ, погодувајќи се од секаде. Ленард реализираше 41 поен, а Дончиќ застана на 39. На победата на крајот се радуваше Далас, кој славепе со 127-121.

Во останатите средби Бруклин Нетс со 130-108 го совлада Бостон Селтикс и се одлепи на 2-0, додека „езерџиите“ изедначија во серијата со Феникс Санс (1-1), победувајќи со 109-102.

  • Резултати:

Бруклин Нетс – Бостон Селтикс 130-108 (2-0)

Феникс Санс – ЛА Лејкерс 102-109 (1-1)

ЛА Клиперс – Далас Маверикс 121-127 (2-0)

OhridNews