Кошаркарите на Бруклин Нетс се чекираа во втората фаза од плејофот во НБА лигата, елиминирајќи го Бостон Селтикс со вкупен резултат 4-1. „Мрежичките“ решавачката, четврта победа ја забележаа во петтиот натпревар, славејќи со 123-109.

Бруклин од самиот старт наметна темпо, кое „детелините“ немаа сили да го пратат. После првиот квартал Бруклин обезбеди седум поени предност, а во вториот водството „скокна“ на осум кошеви. Бостон парираше во третата четртина, но „мрежичките“ со маестрална игра во решавачките 12 минути го одлучија победникот. Најефикасен во тимот на Бруклин беше Џејмс Харден со 33 кошеви, а кај Бостон најпрецизен беше Џејсон Татум со 32 поени.

Значајни победи во петтите натпревари со кои обезбедија предност од 3-2 обезбедија Денвер Нагетс и Феникс Санс, кои победија во дуелите со Портланд и Лос Анџелес Лејкерс. „Нагетси“ славеа со 147-140 после дополнителни пет минути, додека „сонцата“ ги преслушаа „лејкерси“ со 115-85.

Резултати:

Бруклин – Бостон 123-109 (4-1)

Денвер – Портланд 147-140 (3-2)

Феникс – ЛА Лејкерс 115-85 (3-2)

OhridNews