Кошаркарите на Милвоки Бакс го презедоа водството во финалето на истокот (2-1), победувајќи во третиот натпревар против Атланта Хоукс со 113-102.
„Бакси“ славеа на теренот од противникот и успеаја да го вратат поразот од воведните мечеви во финалето. Милвоки ривалот го решија во последниот квартал кој го добија со 30-17. Претходно, во трите четвртини, Атланта обезбеди предност од два поени.
Најефикасен во тимот на „бакси“ беше Крис Мидлтон кој уфрли 38 кошеви, а 33 реализираше Јанис Антетоуконмпо. Кај Атланта најпрецизен беше Трае Јанг со 35 поени.
Следниот четврти натпревар ќе се одигра вторник кон среда во 2 часот после полноќ.
OhridNews