Кошаркарите на Атланта и Лос Анџелес Клиперс ги делат само една победа од пласман во финалето од конференциите во НБА лигата.

„Јастребите“ победата број три во серијата со Филаделфија ја обезбедија на гостински терен, триумфирајќи со тесни 109-106, додека „клиперси“ славеа со 119-111 кај тимот на Јута.

Атланта и ЛА Клиперс во шестиот меч, на домашен терен пред своите гледачи ќе имаат меч топка во сериите. Победа ги носи во финалето, а пораз во мајсторка кај теренот од противникот.

  • Резултати:  

Филаделфија – Атланта 106-109 (2-3)

Јута – ЛА Клиперс 111-119 (2-3)

OhridNews