Екипата на Бостон го врати водството во полуфиналната серија со Торонто и поведе со 3-2. „Детелините“ со 111-89 победија во петтиот натпревар и се доближија на една победа од пласман во финалето на истокот.

Кошаркарите на Бостон започнаа фуриозно и само по 12 минути игра го скршија отпорот на Торонто, кога на семафорот стоеше 25-11. Во втората четвртини разлика се зголеми за плус 10, по што следуваа две мирни четвртини и спроведување во рутинска завршница и победа за Бостон.

Лос Анџелес Клиперс води со 2-1 во серијата со Денвер. „Клиперси“ во ефикасен натпревар со 113-107 го совладаа Денвер. Клучот за победа беше последната четвртина во која Клиперс направи пресврт и ја зграпчи победата.

Резултати:

Торонто – Бостон 89-111 (2-3)

Денвер – ЛА Клиперс 107-113 (1-2)

OhridNews