Кошаркарите на Бостон обезбедија пласман во 1/2 финалето од источната конференција елиминирајќи ја Индијана со 4-0 во четвртфиналната серија. „Детелените“ до четвртата победа во серијата со „пејсерси“ стигнаа на гостински терен со тесен триумф 110-106.
Првата четвртина од дуелот им припадна на домаќините со 23-21, а во вториот квартал предноста остана иста откако заврши 26-26. Третиот период заврши во корист на Бостон (26-23) и го презеде водството. После голема борба во решавачките десет минути, гостите ја задржаа предноста и стигнаа до победата која ги одведе во следната фаза.
Во останатите три мечеви од синоќа победи извојуваа Торонто, Портланд и Голден Стејт и стигнаа до идентична предност од 3-1 во сериите со противниците. „Рептилите“ славеа против Орландо, „блејзерси“ победија во Оклахома, додека „воините“ ги совладаа „клиперси“.
Резултати: Орландо – Торонто 85-107 (1-3), Оклахома – Портланд 98-111 (1-3), Индијана – Бостон 106-110 (0-4), ЛА Клиперс – Голден Стејт 105-113 (1-3)
OhridNews