Седмиот натпревар или познат како „мајсторка“ ќе го одлучува победникот во дуелот помеѓу Денвер и Сан Антонио во првата рунда од плејофот во НБА лигата. „Мамузите“ се изборија за решавачки меч, откако победија во шестиот натпревар 120-103 и изедначија на 3-3 во серијата.

Маестрална партија пружи Никола Јокиќ кој реализираше 43 поени, а додаде уште 12 скокови и 9 асистенции, но остана не` искористена, бидејќи „нагетси“ изгубија. Јокиќ немаше поддршка од своите играчи за разлика од домаќините кои имаа расположени неколку кошаркари за игра. Олдриџ постигна 26 поени, Де Розан застана на 25, а Геј застана на 19.

Подобрата екипа во „мајсторката“ силите ќе ги одмери со Портланд кој во пет мечеви го елиминираше составот на Оклахома.

OhridNews