Кошаркарите на Јута Џез биле дел од драма со среќен крај, откако, авионот кој ги превезувал до Мемфис бил нападнат од јато птици и со сериозна материјална штета принудуно вратен на аеродромот од каде полетал.

Целата експедицијата од клубот била видно вознемирена, но пилотите и останатите луѓе од екипажот професионално одговориле на задачата за безбедно и мирно враќање на аеродромот во Солт Лејк Сити. „Џезерите“ со нов лет успеале да стигнат до Мемфис.

Материјалната штета на авионот допрва ќе се утврдува, но најважно е што нема ниту повредени, ниту загинати. Авионите во САД често имаат билски средби со јато птици и штетата на годишно ниво се пресметува околу 400 милиони евра.

OhridNews