Тимот на Атланта Хоукс на домашен терен ја совлада екипата на Детроит Пистонс 93-85, но без помош од македонскиот интернационалец Перо Антиќ.


По одличната престава против Мајами, Антиќ не доби ни една минута во победата на „јастрабите“ против Детроит што е седми сезонава за неговата екипа.

Со скор од 7 победи и пет порази тимот на Атланта е четврти во источната конференција зад Индијана, Чикаго и Мајами.

Мх.П.