Македонскиот интернационалец во НБА лигата, Перо Антиќ уште една сезона ќе го носи дресот на Атланта Хоукс.

Новиот едногодишен договор е само потврда дека тимот од Кока кола градот се задоволни од играта на Антиќ.

Тој во првата сезона имаше просек 7 поени, 4,2 скока и 1,2 аситенции, а имаше и неколку блескави натпревари во кои беше клучот за победи на неговата екипа.

Регуларната сезона „јастребите“ ја завршија на осмата позиција и по седум натпревари беа елиминирани од шампионот на источната конференција Индијана во плејоф серијата.

Мх.П.