Македонскиот кошаркарски интернационалец во НБА лигата, Перо Антиќ имаше одличен настап за Атланта во поразот од Лос Анџелес Клиперс 109-108.

Антиќ, за 30 минути минати на теренот постигна 16 поени додавајќи уште шест скокови и една асистенција.

Ова е втор натпревар за Македонецот по враќањето од повредата која го оддалечи месец и половина од збиднувањата во НБА лигата.

Мх.П.