Македонскиот интернационалец Перо Антиќ постигна осум поени во поразот на неговата екипа Атланта од тимот на Бруклин 91-86, во кој настапуваат Пол Пирс, Кевин Гарнет, Џејсон Тери кои се прочуени имиња на кошаркарта во Америка


Антиќ во третиот натпревар кој го започна како стартер покрај осумте поени имаше учинок од три скокови, една украдена и две загубени топки, а на теренот мина 18 минути.

Најпрецизни во составот на „јастребите“ со по 16 кошеви беа Тига и Милсап додека по десет уфрлија Бренд и Керол.

Мх.П.