Македонскиот интернационалец во НБА лигата, Перо Антиќ и Ал Хорфорд беа творци на шокатната победа на нивната екипа Атланта против Вашингтон 101-99 после дополнителни пет минути.

На секунда и осум стотинки до крајот „јастребите“ имаа напад, по кој Антиќ асистираше до Хорфорд, а тој со звукот на сирената ја смести топката во кошот и донесе триумф за тимот на Атланта.

Македонецот за повеќе од 12 минута игра постигна четири поени и додаде уште четири асиснтеци, а херојот на вечерта Хорфорд реализираше 34 кошеви.

Мх.П.