Саботната вечер на All star викендот што се одржува во Чикаго, мина во фантастично натпреварување во забивање за кое уште долго ќе се зборува, дотолку повеќе е што впечатокот на публиката е дека наградата не отиде во вистинските раце. Имено, во финалната серија се сретнаа Дерик Џонс јуниор од Мајами и Арон Гордон од Орландо. Со тесна одлука на судиите за еден поен победата ја однесе Џонс иако цел свет смета дека таа требаше да заврши во рацете на Гордон.
Во финалето по две дополнителни серии двајцата кошаркари добија идентични оценки, по 50. Во третата, дополнителна серија, Џонс заби од далечина, додека Гордон го прескокна највисокиот играч во НБА Так Фол, но и тоа не беше доволно за победа.
DJJ with the 48!#ATTSlamDunk #StateFarmSaturday @NBAonTNT pic.twitter.com/00imNrVny0
— NBA (@NBA) February 16, 2020
"??? ???? ???? ????? ??? (??????) ???."@Double0AG | #MagicAboveAll pic.twitter.com/SltG5wUniI
— Orlando Magic (@OrlandoMagic) February 16, 2020
Иако забивањата на Гордон беа покреативни и поразноврсни, победата ја однесе Џонс на изненадување на публиката. Арон Гордон, пак, изрази големо разочарување, најавувајќи дека никогаш повеќе нема да учествува во ова натпреварување. На сличен начин тој загуби и на натпреварот во Торонто во 2016 година.
Во сенка на контроверзниот натпревар во забивање мина натпреварувањето на тројкашите. Победи играчот на Сакраменто кингс Бади Хилд со 27 поени, еден повеќе од Дивајн Букер од Феникс санс.
All star викендот во NBA ќе биде заокружен вечерва со натпреварот на сите ѕвезди, на кој наградата за најкорисен играч ќе го носи името „Коби Брајанкт“ во чест на петктратниот освојувач на најсилната кошаркарска лига во светот, кој трагично го загуби животот неодамна во хеликоптерска несреќа во која настрада и неговата ќерка Џијана и седум други луѓе.
Г.М.