Феникс Санс го победи Милвоки Бакс (118:108) по втор пат во големото финале од НБА-лигата и покрај 42 постигнати поена на Јанис Адетокунбо.

Гркот средбата одиграна рано утрово на теренот на Феникс ја заврши со дабл-дабл, остварувајќи и 12 скока.
Во победничкиот тим се истакна Девин Букер со 31 поен.

По овој триумф „сонцата“ се на две победи до историскиот прв трофеј во најсилната кошаркарска лига на светот.

Третиот меч од серијата прв до четири победи ќе се одигра на 12 јули на теренот на Милвоки бакс. 

OhridNews