Кошаркарот на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо предвреме поради исклучување го заврши натпреварот со Вашингтон во рамките од НБА лигата. Адетокумбо во втората четвртина изнервиран од фаулот во напад со глава го удри противничкиот играч. За среќа ударот не беше силен и кошаркаркот на Вашингтон помина без повреди, но Адетокумбо направи неспортски прекршок кој наиде на осуда од кошаркарската јавност.

Ова е прв инцидентот после рестартот на сезоната во НБА лигата. Ваквите немили сцени во НБА лигата последно време се сведени на минимум и изненадува фактот што еден од подобрите играчи бурно реагираше на фудбал во напад.

OhridNews