Утрово до 07.30 часот најстудено со измерен 1 степен е во Струмица и во Берово, а најтопло со 11 степени Целзиусови е во Охрид и во Демир Капија.

Според УХМР, 2 степени се измерени во Скопје – Петровец, Тетово и Крива Паланка, три во Скопје-Зајчев Рид и Попова Шапка, 4 Куманово, Велес, Гевгелија, 5 степени во Кавадарци, Крушево и Лазарополе, 6 во Битола, Маврови Анови, 7 Прилеп, Виница, 8 Штип и Дојран, 9 степени Претор и 10 степени во Дебар.

Висината на снежната покривка до 07 часот (во cm) е 23 на Попова Шапка.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, наместа засилен ветер од јужен правец, особено во западните делови и во централниот дел на Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 18 степени.

Во Охрид ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 16 степени.

OhridNews