Најмногу дожд изминатите 24 часа, наврнал во Охрид, осум литри на метар квадратен. Четири литри на метар квадратен дожд наврнал во Крушево и Претор, 2 во Крива Паланка и еден литар на метар квадратен во Тетово, Штип и Демир Капија, велат од Управата за хидрометеоролшки работи (УХМР).
Утрово најстудено е во Битола, 4 степени, а максимални 13 степени се измерени во Штип и Демир Капија.
Според УХМР, до 08:30 часот се измерени и 6 степени во Струмица, Берово, Претор и Крушево 7 во Крива Паланка и Охрид, 9 во Тетово, 10 во Скопје-Петровец и Виница, како и 11 степени во Куманово.
OhridNews