Во рамки на социјално-едукативната програма на Фестивалот на вода (Ohrid watter festival), синоќа пред хотелот „Палас“ беше отворена фото изложбата „Нуркачки локации во Охридското Езеро“ на Клубот за подводни дејности „Охрид“ од Охрид, на која беа изложени фотографии на познатиоот охридски фотограф Емил Јовановиќ.
Фотографиите се направени во изминатите две – три години вели во изјава за Охридњуз фотографот Јовановиќ.
Фотографирани се најатрактивните локации во и покрај Охридското Езеро: Охрид, Трпејца, Заум, Градиште, Св.Наум од охридска страна и Радожда и Калишта од струшка страна, додава Јовановиќ.
Социјално-едукативната програма на Фестивалот на вода продолжува вечерва со настап на диџеј Чваре и Гоце Саф.
Г.М.