На голем дел од билбордите и светлосните рекламни паноа низ Охрид, може да се забележат рекламни најави, за настани, кои во Охрид се случуваа пред неколку месеци. Надлежни за отстранување на рекламите, на кои веќе одамна им е “поминат рокот” се маркетинг агенциите, во чија сопственост се издадените рекламни простори. Но бидејќи управите на овие агенции се наоѓаат во Скопје, нив многу и не им пречат застарените рекламни содржини. Според ова крајно време е некој од надлежните на локално ниво да превземе нешто во врска со овој проблем, затоа што во спротивно, туристите кои за новогодишните празници ќе го посетат Охрид, ќе помислат дека се вратиле “назад во времето”.


“Назад во времето” со билбордите низ Охрид

Е.Е.