По неколкудневно славење, вработените во јавната администрација и фирмите денеска се враќаат на работа.
Поради Велгденските празници најголемиот дел од фирмите, банките и администрацијата не работеа од петокот.
Велигденските празници не ги исполнија очекувањата на туристичките работници кои се незадоволни од посетеноста за време на продолжениот викенд. Изостана поголемо присуство на странските гости, а променливото време ги попишмани и домашните гости да дојдат во поголем број во Охрид. Така хотелските капацитети беа исполнети од 5-30%, што според туристичките работници е под сите очекувања.