Во 7 часот почна гласањето за првиот круг од седмите претседателски избори во државава. Навремено се отворени сите избирачки места на териториите на Охрид и Дебрца, а гласањето се одвива тековно.
Навремено се отворени сите 87 избирачки места во Охрид. Гласањето се одвива досега без проблем. На територијата на Општина Охрид во единствениот избирачки список регистрирани се 51 717 лица, велат од ОИК Охрид.
Правото на глас вчера го искористија и 167 од пријавените 172 болни и изнемоштени лица кои гласаа во домашни услови, а гласаа и сите 27 лица од Охрид кои издржуваат затворска казна, сите седум лица во установи за вонсемејна грижа и тројцата граѓани од Охрид во дипломатско – конзуларните претставништва.
Навремено беа отворени сите гласачки места во Дебрца. Гласањето се одвива без проблеми. Се гласа на 23 избирачки места, а во избирачкиот список запишани се 3938 гласачи, велат од ОИК Дебрца.
Во текот на вчерашниот ден гласаа болните и изнемоштени лица каде од пријавените 22 гласачи, правото на глас до искористија 21 лице.
Н.С.Ј.