Навивачот на Црвена Ѕвезда, Урош Мишиќ е осуден на 10 години затвор поради обид за убиство на полицаец на фудбалскиот натпревар меѓу Црвена Ѕвезда и Хајдук Кула, одигран минатата година во месец декември.

Судијата ваквата пресуда ја образложил со фактот дека е адекватна и дека треба да  се испрати јасна порака до сите т.н. навивачи.

Мишиќ (20) е првиот хулиган кој добил вака ригорозна казна.

Нема ништо спорно, целиот случај е обичен линч на стадионот. Трајковиќ бил службено лице и не дал никаков повод за напад- вели претседателот на судот Велимир Лазовиќ.

ohridnews