Едно лице загина во насилните судири меѓу фудбалски навивачи во Ла Плата за време на натпреварот од аргентинското првенство меѓу домаќинот Гимназија и Бока јуниорс, кој синоќа беше прекинат.

Локалните медиуми јавија дека околу 10.000 навивачи без влезници се обиделе да влезат на стадионот откако натпреварот веќе започнал по што интервенирала полицијата користејќи солзавец и гумени куршуми во обид да воспостави ред.

Солзавецот набрзо се почувсгвувал и на трибините по што голема група навивачи втрчале на теренот.

Полицијата потврди дека 57-годишен маж починал како последица на “застој на срцето”.

Медиумите јавија дека снимател бил погоден со гумен куршум, а лекарска помош поради труење од солзавец побарале десетина навивачи.

Судијата го прекина натпреварот во 9. минута.

OhridNews