Обидите за помирување, искажани и преку јавни настапи, не ги смирија страстите помеѓу најверните навивачи на ГРК Охрид и старо новиот тренер на клубот Горан Андоновски.

Не поминаа денови од изјавата на Андоновски дадена во насока на помирување со навивачката група „Рибари“ со која имаат нерасчистени сметки од завршување на неговиот претходен тренерски мандат во клубот, навивачите преку социјалните мрежи побараа оставка од тренерот за, како што се наведува, доброто на Охрид.

Ние сме највредното нешто што го има ГРК Охрид! Ние никогаш не го изневеривме или навредивме клубот за кој дишеме! ГРК Охрид ќе биде клуб без душа без нас бидејќи РИБАРИ се душата на ГРК Охрид! – стои во објавата на НГ „Рибари“.

ГРК Охрид по завршување на сезоната по која клубот го напуштија 11 играчи гради нов тим и најави нов  курс, но несогласувањата помеѓу навивачите и тренерот Андоновски, барем засега остануваат.

OhridNews