Сто илјади луѓе учествуваа на синоќешните протести во најголемиот турски град Истанбул против владата на Ердоган јавија светските медиуми. Демонстрациите ги обединија навивачите на лутите ривали Фенербахче, Бешикташ, Галатасарај и Трабзонспор, кои синоќа буквално го „запалија“ плоштадот во Истанбул.
Од друга страна полицијата и натаму се обидува со употреба на водени топови, солзавец и сила да ги разбие деминстрациите кои се проширија и во други градови.
Антивладините демонстрации започнаа пред две недели со протест за одбрана на паркот Гези во истанбулскиот кварт Таксим, каде според најавите треба да се гради голем трговски центар. Против деминстрантите полицијата употреби прекумерна сила, што предизвика силен одговор од турскиот народ.
Во демонстрациите во Турција до сега животот го загубија три лица.