Првенствиот натпревар меѓу МЗТ Скопје и Лирија е прекинат и ќе се доигра откако спортската арена „Борис Трајковски“ ќе биде потполно испразнета.
Причина за прекинот и испразнувањето на салата се навивачите од двете екипи кои не бираа средства да се омаловажи и извреѓа противникот.
По неколкуте опомени од делегатот и судиите навивачките групи не се промена и официјалните лица на мечот немаа друг избор освен да го прекинат мечот и да се одигра пред празни трибини.
Иста слика, само различен беше епилогот во завршницата од Купот на Македонија, кој се одигра во Охрид.
Тогаш навивачките групи имаа голем минус бидејќи повеќе беа фокусирани на противничките навивачи и кошаркари него на своите миленици.
Кошаркарската федерација на Македонија им прогледа низ прсти, но некогаш мора да се стави точка на „модата“ навивачите да го имаат главниот и последниот збор на кошаркарските терени.
Мх.П.