Македонската тифо сцена се соочува со најголемиот преседан, откако навивачи група „Балисти“ која го подржува тимот на Шкендија одлучи да го бодри Косово во бараж натпревар со Македонија во рамките од Лигата на Нации.
„Балистите“ пуштиле рака со навивачите од Косово кои се мобилизираат за Скопје каде ќе се игра дуелот помеѓу двете селекции на 26 март. Ваквата одлука е чудна затоа што Шкендија се натпреварува во Македонија и како шампион на нашата земја учествува на европските натпревари.
За разлика од фановите на Шкендија, симпатизерите на Шкупи отфрлија опција да навиваат за Косово посучувајќи дека тие се поддржувачи на Албанија.
Сепак, македонската фудбалска репрезентација ќе има огромна поддршка на Националната арена „Тодор Проески“ во средбата со Косово. Навивачките групи од Охрид, Струга, Битола, Скопје и други официјализираа обединување и масовна посетеност на арената.
OhridNews