Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Един Џеко, ќе остане во Рома најмалку уште шест месеци, откако фудбалерот не обезбеди трансфер во зимскиот преоден рок, кој вчера заврши во европски рамки.
Џеко се скара со тренерот Паоло Фонсека, кој експресно го отстрани Босанецот од екипата. Капитенот на „волчицата“ одма побара трансфер, но единствен кандидат беше Интер, кој не ги прифати условите од фудбалерот и Рома. Неколку часови после завршување на зимскиот преоден рок и официјалното останување на Џеко во Рома, навивачите им испратија порака на фудбалерот и тренерот. Во пораката гласи „Играјте за нас“.
Рома одма мора да се екипира, затоа што викендов, во рамките од Серија А ги очекува дерби пресметка со Јувентус, во Торино.
OhridNews