Финалниот натпревар на „Монументал“ помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс во Копа Либертадорес ќе започне еден час подоцна од предвиденото поради дивеењето на домашните навивачи. Симпатизерите на Ривер Плата со камења и други тврди предмети го нападнаа клупскиот автобус на Бока Јуниорс.
#TNTSports | ¡Tremendo! Así quedó el micro de Boca luego de las agresiones que sufrió en la llegada al estadio Monumental para el Superclásico con River por la Copa pic.twitter.com/S1UwTgMHBX
— TNT Sports LA (@TNTSportsLA) November 24, 2018
Официјалните извори од Аргентина говорат дека мечот ќе се одигра вечерва, а последниот збор ќе го има лекарскиот тим, кој ќе одлучи дали повредите на играчите од Бока Јуниорс се сериозни.
Супер дербито во финалето во Копа Либертадорес имаше фантастична најава, откако првиот меч заврши без победни 2-2, а Бока на реваншот испратена беше од 50 000 навивачи на последниот тренинг.
OhridNews