Еден навивач е избоден, а седумнаесет биле приведени по навивачката пресметка пред мечот меѓу Металец и Партизан во Крагуевац.


Белградски Блиц пренесува дека полициски извори потврдале дека навивач на белградскиот клуб бил избоден, но нема инфомации за каkви повреди станува збор и за каква е состојбата на повредениот.


Навивачот настрадал настрадал во масовната тепачка меѓу навивачктие групи „Гробари“ на Партизан и „Ѓаволи“ на Раднички од Крагуеавац, кој се натпреварува во Втората српска фудбалска лига, кои во неделата неколкупати се судриле во центарот на градот.

Српските власти подготвуваат закон со кој екстремните и насилнички навивачки групи ќе бидат забранети.