Домашните „навивачи“ во Истанбул и Пиреја, фановите на противничките клубови ги дочекаа со камења. Во нападот на навивачите на Фенербахче врз автобусот со кој патувале новинари и навивачи на Партизан за среќа никој не е повреден. Од трите автобуси со навивачи кои од Србија тргнале за Турција, каменуван е само еден автобус.
Навивачите на Партизан
При нападот на навивачите на Олимпијакос на возот со кој патувале навивачите на Анортозис повредени се двајца кипарски навивачи. За да спречи поголем инцидент полицијата употребила солзавец и гумени палки.
Ohridnews