Илјадници навивачи на Манчестер Јунајтед планираат утре да го бојкотираат вториот натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите во која нивниот тим игра против Милан на Олд Трафорд.
Нивната намера е на стадионот да влезат после првите десет минути од натпреварот и повторно да го привлечат вниманието на милионската публика во нивната борба против сегашниот сопственик на клубот, семејството Глејзер.
Навивачите влегоа во конфронтација со легендарниот менаџер, на “ѓаволите”, Сер Алекс Фергусон, откако тој неодамна изјави дека “се додека на протестите не влијаат на неговиот тим, тие се прифатливи.“
Англиски медиуми велат дека десетици илјади приврзаници ќе бидат собрани околу “Олд Трафорд“ но после првите десет минути ќе влезат на стадионот за да ги бодрат своите пулени.
Манчестер Јунајтед, има голема шанса да стигне до четврт-финалето, бидејќи пред две недели во Милано победи 3:2.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com