Вирусот Ковид -19 ги прекина сите ракометни збиднувања и спречи некои големи планови на екипи и играчи. Кога екипите и играчите не можат да ги остварат плановите и да се разделат на најдобар можен начин, тука се навивачите да приредат збогум, кое вечно ќе се памети.
Маестрално збогум од симпатизерите на Киелце имаше Јулен Агинагалде. Шпанскиот ракометар после седум години го напушта клубот, кој лансираше помеѓу најдобрите пивоти во светскиот ракомет. Потег на кариерата на Агинагалде во Киелце беше реализираниот петти и решавачки пенал за титула против Веспрем во финалето во Лигата на Шампони. Затоа, ваквото збогување го заслужи „златното момче“ на полскиот клуб.
OhridNews