Фудбалерите на Баерн Минхен го освоија целиот плен на гостувањето кај Хофенхајм победувајќи со 0-6 но дуелот го одбележаа несекојдневни сцени во последните 15-тина минути од натпреварот.

Симпатизерите на „баварците“ пред крајот на натпреварот извадоа транспарент „к***н син“ кој беше наменет за сопственикот на Хофенхајм. После прекин од неколку минути и остри реакции од клупата на Баерн Минхен, натпреварот продолжи но играчите не играа. До последниот судиски свиреж играчите се додаваа со топката на центарот и воопшто не ги напаѓаа головите.

Баерн Минхен дилемите околу победникот ги реши во првата третина од дуелот во кој постигна четири голови. Гнабри погоди за 1-0, а мрежата на домаќините потоа ја затресоа Кимих, Цирк и Кутињо. Бразилецот Кутињо со вториот погодок стрелаше за 5-0, а Горецка со шестиот гол стави точка на победата. „Баварците“ се лидери на табелата со 52 бодови.

OhridNews