Околу 50 навивачи на Пари Сент Жермен биле приведени и лишени од слобода, откако полицијата во Лондон при рутинска контрола пронашла ножеви и голема колична на дрога.
Поддржувачите на францускиот клуб во Лондон допатувале да го бодрат женскиот тим кој играше против Челси во Лигата на Шампиони. Полицијата во Лондон после претресот била запрепастена и веднаш побарала сите лица да се лишат од слобода поради безбедност на гледачите кои се реткост на женскиот фудбал.
После соодветните пријави, англиската полиција со специјален автобус ги вратила навивачите во Франција. Од клуб се` уште се немаат огласено за оваа случка, но сигурно не им мило што навивачите оставија ваков белег во Лондон.
OhridNews