Околу 2 до 3000 навивачи на Полска го следат натпреварот помеѓу нивната фудбалска репрезентација и Македонија што се игра вечерва во Скопје во рамки на квалификациите за пласман на Европското првенство.
Тие вчера и денеска се во центарот на вниманието по бројните инциденти кои ги предизвикаа. Попладнево се уапсени околу 200 полски хулигани кои меѓусебно се истепале во близина на стадионот во Скопје. Во Охрид, пак, полските навивачи ја ишарале карпата кај Мостот на желбите.
Фото: Емил Јовановиќ