Навивачи на Манчестер Јунајтед незадоволни од водење на клубот доцна синоќа го нападнаа домот на извршниот директор Ед Вудвард. Навивачите од групата „Луѓе во црно“ употребиле пиротехнички материјал и димни бомби, а се заканале и по неговиот живот.

Среќна околност е што во куќата на Вудвард немало никој и нападите завршиле без последици. Манчестер Јунајтед остро го осуди инцидентот и најави доживотна забрана за сторителите ако бидат пронајдени.

Недопустливо е ваков испад и напад на еден од водечките луѓе на клубот. Убедени сме дека полицијата ќе го расветли целиот случај и ќе ги приведе сторителите. Ние ќе дејствуваме ригорозно против навивачите кои направија голем преседан. – се вели во клупското соопштение.

Навивачите на Манчестер Јунајтед подолго време не се задоволни од работењет на Ед Вудвард откако го презеде клубот во 2013 година. Симпатизерите на „црвените ѓаволи“ незадоволството ќе го искажат во следниот натпревар на домашен терен кога ќе заминат порано од трибините без разлика каков ќе биде резултат. Но дивеење пред домот и вознемирување сигурно не е опција и решение.

OhridNews