Фотографија од локален паб во Гент, Белгија, на двајца навивачи на европскиот првак Ливерпул од Лондон и Лестер, кои држат влезници за натпреварот од Лигата на шампиони Генк – Ливерпул, одигран синоќа, денеска е светски хит на социјалните мрежи.
„Несреќните“ навивачи половина час пред натпреварот сфатиле дека се во погрешен град. Барајќи го стадионот биле информирани дека не се во Генк каде нивниот Ливерпул гостуваше во 3-то оло од Лигата на шампиони и победи (1:4), туку во Гент. Двата града се оддалечени 150 километри па навивачите на Ливерпул се одлучиле мечот да го следат на Тв во локален паб, каде ја направиле фотографијата, која за кратко време стана вирална.
Локалните медиуми снимиле интервју со навивачите на Ливерпул, а локалниот клуб Гент им подарил влезници за вечерашниот натпревар од Лигата на Европа со Волфсбург.
OhridNews