На вчерашниот натпревар на ЕВРО 2020 помеѓу Англија и Хрватска (1-0), се случи инцидент. Набргу по почетокот на мечот, еден навивач падна од трибините на стадионот „Вембли“, каде се одвиваше натпреварот. Сега тој е во болница, неговата состојба се проценува како многу сериозна.

Можеме да потврдиме дека гледачот кој падна од трибините веднаш по почетниот свиреж на мечот Англија – Хрватска, доби медицинска помош на самото место, а потоа беше пренесен во болница во критична состојба. Ќе работиме со УЕФА за да осигуриме дека оваа ситуација е темелно испитана. Ние продолжуваме да ги следиме случувањата, – изјави портпаролот на стадионот„ Вембли“.

На натпреварот Англија – Хрватска присуствуваа 18.497 навивачи. Ова е прв натпревар на „Вембли“ од ноември 2019 година со публика на трибините.

Англиската селекција со погодокот на Рахим Стерлинг обезбеди победа и три бодови.

OhridNews

 

ЕП: Хрватска бледа, Стерлинг ги израдува фановите на „Вембли“ (видео)