Екипата на Бирмингем му покажа заби на хулиганизмот казнувајќи го сурово и жестоко навивачот кој вербално го нападна капитенот на Астон Вила Џек Грејлиш на теренот во текот на дербито изминатиов викенд.

Бирмингем доживотно му ја затвори вратата на Пол Мичел за влез на стадионот и на тој начи сурово о жестоко казни навивачот кој од нигде никаде се најде на теренот и со тупаници го удри противничкиот фудбалер. Грејлиш падна како покосен на теренот, а фудбалерите од двете екипи реагираа брзо и со помош на обезбедувањето фудбалерот беше остранет од теренот.

27-годишниот Мичел сигурно ќе помине неколку ноќи во притвор, а Бирмингем најави дека нема да се жали на било каква одлука од судот. Навивач влета и синоќешниот меч помеѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед, но не приреди скандал како симпатизерот на Бирмингем.

OhridNews