Здравата исхрана е само еден дел од здравиот живот, а многумина од нас имаат некои навики после оброкот кои не се добри за нашето здравје.
Така, на пример, после добриот ручек не треба да се спие. Имено, во лежечка положба соковите од желудникот неможат добро да ја извршуваат својата функција, па попладневниот одмор може да ви направи проблеми со спиењето.
Но, еднакво, после оброкот не се препорачливи ниту телесни активност. Во случај да се активирате веднаш по јадењето, системот за варење нема да може добро да ги апсорбира хранливите состојки, па воздржете се од возење велосипед или пливање, а лесна прошетка претставува идеална активност.
Многумина мислат дека е здраво после оброкот да изедат овошје наместо десерт, но всушност тоа е најголемата грешка која може да ја направат. Имено, овошјето предолго ќе се задржи во желудникот и поради тоа што неможе да дојде на ред за варење, ќе произведува гасови кои ќе ве надујат. Покрај тоа, отровите кои тогаш вашето тело ќе ги апсорбира поттикнуваат создавање на целулит, затоа, причекајте барем еден час.
Пушењето после оброк е најголемо задоволство на пушачите, но всушност тоа е страшна грешка – една цигара после оброк е како и десет испушени цигари, бидејќи никотинот побрзо се врзува за кислородот во крвта после јадење и го апсорбирате многу повеќе.
Затоа, после добриот ручек – лесна прошетка.
извор:metro-portal.hr