Кремот за лице е задолжителен секој ден, а не е толку важно дали е толку скап и полн со корисни состојки, многу поважно е дали се нанесува секој ден или не.

Кожата на лицето е огледало на здравјето, а воедно и прва работа која некој на нас ќе ја забележи, па треба да се потрудиме за да изгледаме што подобро. Но, секојдневните мали навики можат работите да ги свртат на подобро или полошо, зависно од тоа на кои се придржуваме.

Така кремот за лице е задолжителен секој ден. Ако се намачкаме после утринското миење, ќе ја задржиме еластичноста на кожата и ќе спречиме појава на брчки. Покрај тоа, треба да се обрне внимание на состојките-витамините Ц и Е се задолжителни, како и антиоксиданти кои ќе ја намалат штетата од слободните радикали и ќе помогнат во создавањето на колаген.

Миењето треба да биде нежно, за да не го оштетиме заштитниот слој кој ја чува кожата мазна и еластична, па не треба да се претерува со триење.

Ако спиете на грб и често јадете риба богата со Омега-3 масни киселини, на најдобар пат сте кожата секогаш да ви биде мазна, сјајна и здрава.

извор:metro-portal.hr