Официјалните лица од њујоршкиот аеродром Кенеди градат 1200 метри долга бариера како би ја заштитиле пистата, но не од терористи, туку од желки. Споменатиот аеродром во изминативе години е мета на навала од желки кои излегуваат од Јамајка заливот во потрага за место каде ќе се гнездат. За време на минатогодишната сезона на парење, официјалните лица изнеле од пистата околу 1300 желки.
Весникот Њујорк Тајмс пренел дека официјалните лица од аеродромот се надеваат дека 20 сантиметри дебелата препрека, направена од пластични цевки, ќе ги спречи желките и оваа година да ја преплават пистата. Биологот Расел Бурк рекол дека планот би можел да успее, но и дека не може да предвиди како ќе се однесуваат желките.