Една од зградите во Берлин во која се сместени просториите на парламентот се соочува со навала од глувци, соопштуваат германските медиуми.
Службата за дератизација поставила десетици стапици за глувци во зградата во која се наоѓаат канцелариите на пратениците. Глувците во изминативе неколку дена го избрале Бундестагот за свој нов дом, бегајќи од снегот и студот кој го зафатија Берлин.