Утрово во Охрид измерени се -2 степени. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.

Од УХМР соопштија дека ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -3, а максималната ќе достигне од -1 до 8 степени.

Во Охрид максималната температура ќе достигне 4 степени.

Од УХМР посочуваат дека во наредните денови следува период на стабилно и постудено време со ниски утрински температури. Во петок и сабота ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Г.М.