Времето денеска ќе биде студено во текот на утрото, а преку ден сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната од 19 до 25 степени.

Во Охрид утрото посвежо, а преку денот претежно сончево со слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 21 степен.

Според УХМР, во четврток попладне претежно во западните подрачја ќе има повремен дожд. Под влијание на циклонска активност во петок и за време на викендот на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме.

OhridNews